Tuesday, February 25, 2020

НУМЕРУС XLV 2 (2019/2020)

1. Во еден многуаголник со еднакви страни од едно теме можат да се повлечат 4 дијагонали. Колку страни и колку оски на симетрија има тој многуаголник?

2. Имаме на располагање конец со должина   1/5    m и конец со поголема должина од дадената. Како без користење на метро би можеле да добиеме конец долг 3 dm?

3. Дадени се квадрат со страна х cm и рамностран триаголник со страна у cm. Одреди ги целобројните вредности за страните х и у, ако збирот на сите страни на квадратот и рамностраниот триаголник изнесува 78.

4. На мравката и слонот да поминат ист пат, заедно им треба 26 години. Ако на слонот му треба онолку месеци колку на мравката години, одреди за колку години слонот и за колку години мравката ќе го поминат превидениот пат.

No comments:

Post a Comment