Tuesday, February 25, 2020

НУМЕРУС XLV 2 (2019/2020)

1. Во еден многуаголник со еднакви страни од едно теме можат да се повлечат 4 дијагонали. Колку страни и колку оски на симетрија има тој многуаголник?

2. Имаме на располагање конец со должина   1/5    m и конец со поголема должина од дадената. Како без користење на метро би можеле да добиеме конец долг 3 dm?

3. Дадени се квадрат со страна х cm и рамностран триаголник со страна у cm. Одреди ги целобројните вредности за страните х и у, ако збирот на сите страни на квадратот и рамностраниот триаголник изнесува 78.

4. На мравката и слонот да поминат ист пат, заедно им треба 26 години. Ако на слонот му треба онолку месеци колку на мравката години, одреди за колку години слонот и за колку години мравката ќе го поминат превидениот пат.

Sunday, February 23, 2020

НУМЕРУС XLV 1 (2019-2020)

1. Милица оставила боички на масата. Ако нивниот број се удвои и намали за 5, ќе се добие 29. Колку боички оставила Милица на масата?

2. За призмата која има 7 ѕидови одреди го бројот на рабови и темиња.

3. Збирот на сите страни на два квадрати е 96 cm. Ако страната на едниот квадрат е три пати поголема од страната на другиот квадрат, тогаш пресметај ги должините на страните на двата квадрати.

4. Александар има 16 години, а неговата мајка има 6 години повеќе од двојната вредност на годините на Александар. Колку години имале заедно пред 5 години?